На работилницата децата играа игри за подобро запознавање, тимски игри и друштвени игри.
Работилницата траеше два часа, а учесници беа 10 деца од основното училиште „Тошо Велков – Пепето“.
Оваа работилница како активност е дел од проектот „Да го отвориме кругот – сите сме исти“ кој го спроведува основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ заедно со Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци.