Младински информативен центар ИНФО СЕГА Кавадарци организира „ИНФО СЕГА КАРАВАН“ кој ќе се одржи на 12.09.2017 (вторник) од 10:00 до 16:00 часот во центарот на градот.

 



По повод Недела на граѓански организации, ИНФО СЕГА Кавадарци во вторник, 12.09.2017, организира „ИНФО СЕГА КАРАВАН“ во центарот на градот од 10:00 дo 16:00 часот!

Локалните млади ќе имаат можност да се: информираат за Еразмус+ програмата, услугите на ИНФО СЕГА, да бидат дел од креативно катче и да организираат Отворена Библиотека.

Идејата е по повод „Нeделата на граѓански организации“ која трае од 11 – 17 септември 2017 да се презентираат разни услуги и можности кои невладините организации ги нудат за локалната заедница.
Серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации ќе бидат одржани низ цела Македонија.

Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 11-17 септември 2017 низ Република Македонија.

Leave a comment