Во саботата на 12 август по повод меѓународен ден на младите во ИНФО СЕГА Кавадарци се одржа работилница Филмска вечер – Кинематографија и млади.

 

 

 

Работилницата беше насочена кон истражување на учеството на младите во таков важен сегмент како што е кинематографијата и се состоеше од два дела:


Најпрво младите беа вклучени на онлајн панел заедно со млади од 8 градови од Балканот: Књажевац и Суботица (Србија), Мостар, Завидовиќи и Приједор (Босна и Херцеговина), Пеја (Косово), Никшиќ (Црна гора) и Скопје (Македонија). На овој онлајн панел се разговараше за кинематографија и младите.

 

Вториот дел од работилницата беше филмска вечер каде што го гледавме филмот „Деца на мирот“ во режија на Емир Капетановиќ од Босна и Херцеговина. Филмот го прикажува животот на младите родени по војната во Босна и Херцеговина.

 

Оваа активност е во рамки на регионалниот проект „Балканска платформа за младинско учество и дијалог“ финансиран од Европска Унија.

 

Фотографиите од настанот може да ги погледнете ОВДЕ.

Leave a comment