Во првиот дел од работилниците децата играа разни игри за тимска работа и меѓусебно запознавање.
Додека пак, во делот на изработката на Фаќачите на Сништа, децата заедно со волонтерот од Америка, Миранда Кохен, волонтерот од Италија, Давиде Бетинели, и уште двете волонтерки од Молдовија, Ана и Лаура, научија нешто повеќе околу Америчката култура и ги завршија своите проекти задоволно.