На 16.06.2017 година, во просториите на Коалиција СЕГА, беше одржана средба за Официјално лансирање на OPIN, алатка за електронско младинско учество.

 

На средбата присуствуваа преставник на Локална Самоуправа Прилеп, преставници на Совет на млади Прилеп и преставници од Коалиција СЕГА каде им се презентираа поставените предлог идеи од младите на www.opin.me и истите се дискутираа со цел нивно подобрување, начин на следење на поставените идеи и коментари. Оваа веб страна ќе биде отворена за поставување на идеи од младите со цел подобрување на условите за живот во Прилеп. Најдобрите идеи од младите ќе бидат доставени до Советот на Општина Прилеп на разгледување се цел нивно реализирање. Ве покануваме сите да учествувате и да ги напишете вашите идеи на www.opin.me.

902 comments

Leave a comment