Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА: „Целта на проектот е да се подобри функцијата и улогата на Советите за Млади и на тој начин да се влијае на подобрување на младинското учество во демократскиот живот. Локалните совети за млади порачаа дека бараат поголема поддршка за својата работа од локалните власти, и притоа дефинирање на формални принципи на взаемна комуникација помеѓу органите и телата на локалните самоуправи и советите за млади преку соодветно законско решение, а во насока на унапредување на положбата на младите на локално ниво. Препораките кои произлегоа од процесот ќе бидат содржани во „Позициски документ со препораки за подобрување на состојбата на Советите за млади“ кој ќе биде доставен до донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.“
Во првата фаза на проектот беше организирана Национална работилница со носители на одлуки на локално и национално ниво. Следуваа локални дискусии во 10 општини на кои се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции преку кои се дефинираа базични препораки за унапредување на функционирањето на советите за млади.
Процесот продолжи до организирање на оваа Национална работилница на која младите членови на Совети за Млади и претставниците на локалните самоуправи и донесувачите на одлуки работеа заедно на дефинирање и финализирање на клучните препораки за: Функциите, задачите и организациската поставеност на советите за млади, Поддршка и вмрежување на локално и национално ниво, и Взаемна соработка помеѓу локалната самоуправа и советите за млади.
Следува финализирање на „Позицискиот документ со препораки за подобрување на состојбата на Советите за млади“ кој ќе биде доставен до сите засегнати страни на локални и национално ниво а во насока на практична примена на дефинираните препораки.