Со богата културно уметничка програма во Кавадарци беше одбележан овој ден.
На свеченоста која се одржа во салата на домот на културата присуствуваа градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Неговата екселенција Воутер Пломп.
„Македонија е колевка на културата, колевка на православието и морам да кажам дека и Европа може многу да научи од Македонија“ - нагласи градоначалникот Панов.
Одбележувањето продолжи со културно уметничка програма во која настапија интерпретаторката Александра Михова, балетското студи „Венус“ и студиото за латино танци „Старс“ од Кавадарци. Свои настапи со музички точки имаа и учениците од основните училишта „Тошо Велков-Пепето“и „Тоде Хаџи-Тефов“. На крајот од програмата на сцената беа учениците од гимназијата „Добри Даскалов“кои се претставија со гимнастички игри.
Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете на фејсбук страната на следниот линк.