Денес во центарот на Кавадарци и пред гимназијата „Добри Даскалов“ се одржа ИНФО ДЕН по повод Европската недела на млади 2017. На овој ИНФО ДЕН младите од Кавадарци имаа можност да се информираат за Еразмус+ програмата и за првата мобилна апликација за младинско информирање Млади АМС од кампањата Информирај се СЕГА!  

По повод Евроската недела за млади која трае од 01 – 07 мај, се презентираа ЕУ можности за мобилност, солидарност, инклузија, демократија и активно граѓанство. Оваа недела 33 земји учеснички во Еразмус+ програмата ќе одржат конференции, работилници и настани на отворено каде што младите ќе имаат можност да се информираат за новиот Европски Солидарен Корпус, да научат повеќе за Еразмус+ и да се вклучат во младинската политика.

Исто така младите во Кавадарци беа информирани и за првата мобилна апликација за младинско информирање Млади АМС која е достапна на Google Play. Беа поделени промотивни материјали и информации за мобилната апликација меѓу младите. Преку мобилната апликација младите ќе бидат информирани за вработување, стипендии, обуки, семинари и за сите можности кои им се нудат.

ИНФО ДЕНОТ го организираа Младински Инфомративен Центар ИНФО СЕГА и АЦЕ – НВО, заедно со локалните волонтери.

Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете на фејсбук страната на следниот линк.

Leave a comment