Во периодот од 27-30 Март, во Задар- Хрватска, се одржа национален тренинг за мултипликаторите од Хрватска и Македонија на ЕuroDesk- Модул 2.

 

Европската мрежа брои преку 1 200 мултипликатори, од кои само во Хрватска делуваат 17 организации. Од Република Македонија учествуваа три мултипликатори од различни организации, меѓу кои и претставник на нашата организација, Коалиција СЕГА- Прилеп.

Основната цел на овој тренинг беше да се истражуваат различните можности за мобилност на младите. Тоа е всушност и главната цел на Euro Desk.

Беше претставена работата на EuroDesk, што всушност значи, кои се задолженијата, одговорностите и работите што треба да ги спроведуваат мултипликаторите, како и кои се придобивките од тоа да работиш како мултипликатор на организацијата.

Првата недела од месец мај е прогласена за Европска недела за млади и во тој период сите мултипликатури на EuroDesk ќе организираат различни активности, со цел здружување на младите и покренување на свеста за нивната солидарност. Всушност и темата на European Youth Week за 2017 година е „Солидарност“.

 

Успешно беше завршен тренингот Модул 2, како за мултипликаторите на ЕuroDesk, исто така и за самата организација. 

         

Leave a comment