Зошто се избрани овие организации по отворениот повик за промоција на проектот?
"Имавме листа на критериуми врз основа на кои се очекува ефективноста на предлог-проектите кое ни беше најважното прашање", вели Џесика Вокер од Европската Агенција на младинско информирање ERYICA.
"Тоа е причината зошто имаме толку многу локални или национални проекти од помалите земји, кои се блиски до младите луѓе и до носителите на политички одлуки", додава Евалдас Рупкус на IJAB.
Програматаги вклучи основите на е-учество, игри за добрите и лошите страни на дигиталното учество, планирање на проектите и проучување на самиот софтвер.
Коалиција СЕГА официјално од 01 април 2017 година, ќе започне да го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ преку користење на OPIN софтверот со цел зголемување на свеста за значењето на е-учеството на младите и зголемување на дијалогот меѓу младите и донесувачите на одлуки во Прилеп.