Инфо Денот се искористи и за промоција и видливост на проектот на Коалиција СЕГА “YOUTH INFORMATION WORKERS FIT FOR YOUTH”.
Проектот ја признава важноста на знаењето како да се опфатат и како да се слушаат младите луѓе со цел да ги поттикнат да станат активни граѓани вклучени во создавање на подобро општество за идните генерации.
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Регионалниот младински инфо центар во Риека - УМКИ и Агенцијата за Европско Младинско Информирање и Советување (ERYICA) го спроведува проектот Младинските информативни работници подготвени за младите, кој започна на почетокот на октомври 2016 година и ќе трае до крајот на март 2017 година. Целта на проектот е да се подобри квалитетот на информирањето на младите преку развој на Водич за информации за младинските работници врз основа на размена на најдобрите практики за работа младинско информирање.