Француско Македонската божиќна вечер беше организирана по втор пат од тимот на ИНФО СЕГА благодарение на присуството на Француските ЕВС волонтери Себастиен и Батист. Оваа активност е дел од проектот Француско македонски културен клуб кој го спроведува Коалиција СЕГА преку Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА, а е финасиран од програмата Еразмус+. Самиот проект предвидува активности од ваков тип со цел промоција на француската и македонската култура, промоција на убавината на францускиот јазик, француската музика.
На настанот настапија ученици со музички точки, комични театарски претстави, мјузикли, како и малата Пинкова ѕвездичка Александра Трајческа! Во топла Божиќна атмосфера се забавуваа и радуваа децата од повеќе основни и средни училишта, беа засладени со традиционални божиќни колачи, за што сме им многу благодарни на сите професорки и ученици кои придонесоа за тоа. Исто така учениците меѓу себе си поделија Новогодишни честитки, исполнети со најубави желби на Француски јазик, кои ги изработија тие самите и волонтерите од ИНФО СЕГА на одржаните Новогодишни работилници.
Француско Македонската божиќна вечер се одржа вчера (вторник, 20 декември) во кафе барот Вирус.
Голема благодарност до сите кои придонесоа за едно убаво Божиќно дружење J