На денешната креативна работилница која се одржа на 03.08.2016 година во просториите на Младински Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА со тема Раскажување Приказни учествуваа 21 дете на возраст до 12 години. На самиот почеток децата се претставуваа и потоа започнаа со најразлични игри. Самата цел на игрите се состоеше во зближување на децата, остварување на пријателски односи и отфрлање на стравот од претставување. Вториот дел од активностите ја опфаќаше основната тема, односно раскажување на приказни.

Најпрво децата започнаа со вежба која што бараше од нив да составуваат реченици од зборови, а потоа започнаа со главната вежба. Секое дете влечеше две ливчиња на кои што имаше одредена слика и во однос на самата слика составуваа дел од приказната. Самата вежба ги поттикнуваше децата на иновативност и креативност, поттикнување на активност и самостојно размислување. Секое од децата имаше комплетна слобода во користење на својата фантазија со која што ги збогатуваа своите приказни и каде што завршниот дел имаше свој среќен или тажен крај. Една од групите својата приказна ја осмислуваше на англиски јазик, со цел децата да можат подобро да го користат и разбираат англискиот јазик. Користењето на ваквиот тип на вежби им овозможува на децата уште од раниот период на созревање да научат да ја користат својата креативност и насочување на истата во вистински правец како чекор поблиску до нивното градење како личности.
На самиот крај од вежбата децата ги читаа своите приказни, изведувајќи ги со сопствена интерпретација во која што можеше да се виде нивниот ентузијазам и задоволство. На крајот децата изнесоа сопствено мислење, од аспект на нивно задоволство или незадоволство за вежбите. Едно од децата ни раскажа дека „ова му се најдобро поминатите часови од денот, во кои што се забавувало со своите другарчиња и истовремено научило многу работи и се ослободило од тремата“.

“Reach high, for stars hidden in your soul. Dream deep, for every dream precedes the goal” –Pamela Vaull Starr.

 

Работилницата ја одржаа Јоан од Франција, Елена од Италија со помош на локални волонтери и вработени од ИНФО СЕГА Прилеп.

Leave a comment