Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА!

Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА! (17)

Волонтерски центар Скопје го одржа првиот Инфо ден за кампањата „365 работнички права за млади“

На 24.06.2018, недела Волонтерски центар Скопје го одржа првиот Инфо ден во рамките на кампањата „365 работнички права за млади“.

Одржан настан на ФИНКИ за претставување на натпреварот за изработка на мобилна апликација

На 21.12.2016 година со почеток од 12.00 часот во Големиот Амфитеатар на ФИНКИ се одржа претставување на Натпреварот за изработка на мобилна апликација за сите пријавени тимови. На настанот присутни беа Деканот на ФИНКИ проф. Д-р Иван Чорбев, Продеканот проф. д-р Ивица Димитровски, проф.д-р Игор Мисковски, Гордана Цекова раководител на одделение за млади во Агенција за млади и спорт и Мариче Тренеска преставник на Коалиција СЕГА.

На преставувањето присутни беа и пријавените тимови од студенти за учество на натпреварот кои се информираа подетално за барањата, критериумите и условите за учество, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт www.mladi.ams.mk
Исто така се поканија останатите студенти да се пријават и да учествуваат на натпреварот.

Посета на млади кај градоначалникот во рамките на националната кампања

 

Младински информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА- Прилеп, во соработка со Младински Совет – Прилеп,успешно реализираа средба со Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески. Во оваа активност беа вклучени средношколци и други млади од општината, ентузијасти што имаат интерес да делуваат и да се вклучат во активности за подобрување на животот на младите во градот.

Се одржа Национална Конференција за младинско инормирање „Информирај се СЕГА!“

На 18 април, 2016 година во просториите на ЕУ Инфо центарот се одржа Националната Конференција „Информирај се СЕГА!“ која се организираше во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА “. Исто така овој настан го одбележа 17 Април, Европскиот ден на младинско информирање На конференцијата присуствуваа претставници од младински организации од цела Македонија, претставници на Агенција за млади и спорт, млади, советници за млади и други претставници на релевантни институции и организации.

 

Одржан координативен состанок со партнерите од националната кампања „Право на младинско информирање-информирај се СЕГА!“

На 04.02.2016 година од 11 часот во просториите на Младинскиот Информативен Центар ИНФО СЕГА Прилеп се одржа координативен состанок со партнерите од  Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА!“.

Победник на конкурсот за лого на националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА! “

Со задоволство објавуваме дека Комисијата за евалуација на пристигнатите апликации на конкурсот за лого за национална кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА! “ , составена од Агенција за млади и спорт и ИНФО СЕГА, од големиот број на апликации кои пристигнаа , за НАЈДОБРО ЛОГО го избра предлогот на БЛАШКА МИЕВА, на која Агенција за млади и спорт и доделува награда во висина од 250 евра.

Конкурс за избор на лого за националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА!”

Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации на први декември 2015 година официјално ја започнаa Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“.

ИНФО СЕГА и Младински совет Прилеп одржаа трибина на тема „Како да волонтирате во странство преку EVS ERAZMUS+ програмата?“

Во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА“,Инфо Сега и Младински Совет Прилеп одржаа Трибина за промоција на волонтирањето преку EVS Erasmus + програмата.