Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Екипите на Пелистер и Победа на стадионот „Тумбе Кафе“ го одиграа пелагониското дерби со голем значај и истото заврши без победник (1-1).

 

Двата тима грчевито се борат за опстанок во елитата, но си поделија по бод и не направија разлика на табелата. Прилепчани поведоа први, потоа и промашија пенал, а казната дојде во последните десет минути од мечот кога Пелистер постигна гол, а потоа пропушти и шанса да дојде до победата.

Битолчани почнаа со тројца напаѓачи, а Победа возврати со игра на долги топки кон Гешоски и преку брзите странични фудбалери Даноски и Исаевски. Битолчани почнаа подобро и преку Миленковски и неговиот супер-волеј и ударот на Ристе Маркоски, кој Тофилоски го одбрани, прв се закани.

Најзрелите шанси ги имаа прилепчани, но ударот со глава заврши во надворешниот дел од мрежата, а зицерот на Лука Трајкоски чудесно го одбрани Илче Петровски. Првиот дел заврши со можноста на Благојче Марковски, чиј удар гостинскиот голман го одбрани. 

Вториот дел беше тргна со шанса на Пелистер. Одлично биеше Наумоски од слободен удар, но Тофиловски и стативата ги спасија прилепчани од негатива.

Резултатот се отвори во 59. минута, кога погоди Даноски, кој со лоб го надмудри Петровски, а потоа, следеше пенал за Победа, откако Драгарски го сруши Карчевски во казнетиот простор, но истиот не беше реализиран. Гешоски биеше преку голот и го остави Пелистер во натпреварот. 

Победа продолжи да притиска кон голот на Пелистер, но недостасуваше завршниот пас за реализација. Пелистер ја чекаше својата шанса од прекин, а тимот на Секуловски успеа да изедначи на 1-1 преку Трифуновски, кој во 83. минута погоди по една мешаница во шеснаесетникот.

Пелистер по дадениот гол продолжи да притиска, имаше и шанси за гол, но не реализира. Во наредното коло од ПМФЛ, Пелистер гостува кај Работнички, додека Победа која нема триумф четири кола е домаќин на Вардар.

Leave a comment