Имено Тошески учествуваше во тренажниот процес на Џудо клубот Норкопинг-Норкопинг Шведска каде вежба членот на ЏК СЕИШИН Прилеп Давид Везенкоски кој моменталнотаму живее и се школува. Поради задоволството од Тошески, стручната подготовка и доказот дека се исполнети условите за да се пријави за полагање на испитот за Кафеав Појас 1 КЈУ каде беше пријавен и Давид Везенкоски Стручниот Тим од Норкопинг како и надлежната комисија му овозможи полагање за повисок степен – појас.
Полагањето од двајцата наши членови (Везенкоски и Тошески) беше завршено успешно со највисока оценка од страна на комисијата за полагање. Имено истите на испитот прикажаа вкупно 62 техники со фрлања, 4 техники со полуги (лостови) и 4 техники со загушувања.
Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп е задоволен од остварената соработка со Клубот од Шведска и веќе од наредната недела го очекува својот член Тошески за да пренесе дел од искуствата стекнати таму.