„ЧИН 4 СЦЕНА 5“ одбележува 10 години постоење
- Култура
- 17 Mar 2017
Со свечена академија што ќе се одржи во петок 17.3. 2017 од 20.00 часот Младинското драмско студио „Чин 4 Сцена 5“ при ЦК,,Марко Цепенков“ во киното Мис Стон, ќе одбележи 10 години од основањето. Иницијативата за формирање на ДС била крунисана со премиерата на првата театарска претстава „Женско Царство“, во режија на актерот Милан Секулоски.