Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76049

 Танцовото студио Зодијак на две локации во центарот со перформанс го одбележа годишниот концерт како завршна манифестација за годинава.

Во цветната уличка беа изведени делови од најуспешните кореографии последниве две години вклучително и Ротонда. Истовремено пред Центарот за култура, најмладите изведоа дело со кое ја претставуваа земјава на интернационалните манифестации, Последното исусово искушение и Тапани во ноќта.

- Се доближуваме до гледачите и секојдневните нивни ритуали. Ја запознаваме, едуцираме и поставуваме интеракција со публиката со она што 20 години го работиме на современата танц сцена во Македонија. Со променадата се адаптираме и ги минимизираме трошоците - велат од Зодијак.

Leave a comment