„Наше пиво - наша страст“ е новата кампања на компанијата „Кожувчанка“ ДОО која од секој продаден литар македонско пиво ќе донира два денари за кавадаречките спортски колективи и навивачката група Лозари.

 

 

Проектот кој е прв од ваков вид во земјата ќе им даде поддршка на трите најголеми колективни клубови во градот, фудбалскиот клуб Тиквеш, кошаркарскиот клуб Фени, градскиот ракометен клуб Тиквеш и навивачката група Лозари. Според предвиденото, клубовите ќе поделат по една третина од вкупниот фонд, додека преостанатите 10 проценти ќе бидат наменети за навивачката група Лозари.

 

На прес конференцијата беше истакнато дека ракометниот и фудбалскиот клуб ќе добијат и брендирани плакати, а во наредниот период и брендирани карти за натпреварите. Потоа следеше потпишување на договори со претставниците на спортските клубови и навивачката група за реализација на целиот проект кој ќе трае до мај наредната година.

Leave a comment