Со освоени седум медали, од кои 4 најсјајни, каратистите од карате клубот Тиквеш од Кавадарци го потврдија одличниот настап на Меѓународниот турнир „Солидарност опен 2017“ кој викендов се оддржа во Скопје.

 


Илија Грков, Тео Камчев, Драгана Николова и Тамара Марковска стигнаа до златни медали во своите конкуренции, Андреј Ѓорчев и ката тимот за машки родени до 2009 година освоија сребрени медали, додека Кристина Атанасова освои бронзен медал.

 


Освојувачот на златен медал, Илија Грков отпатува за Истанбул, Турција, на Балканското карате првенство за каратисти од 11 до 14 години, кое ќе се оддржува од 19 до 21 мај, со надеж дека ќе ја продолжи победничката серија. Оваа година тој освои 4 златни медали на Државното првенство и на турнирите Фунакоши Гичин опен и во Власотинце, а на „Гази Баба опен“ бронзен медал.

686 comments

Leave a comment