Спорт (56)

Тиквеш со шест нови засилувања го дочекува продолжението од сезоната

Градскиот фудбалски клуб Тиквеш пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток ќе ја дочека со шест нови засилувања кои би требало да ги остварат амбициите за пласман во најквалитетното фудбалско друштво.

„Наше пиво - наша страст“ нова кампања за поддршка на кавадаречкиот спорт

„Наше пиво - наша страст“ е новата кампања на компанијата „Кожувчанка“ ДОО која од секој продаден литар македонско пиво ќе донира два денари за кавадаречките спортски колективи и навивачката група Лозари.

ГФК Тиквеш поразен во првиот натпревар од продолжението на сезоната

Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш со пораз се враќаат од гостувањето во Штип, откако вчера во првиот натпревар од продолжението од втората по ранг македонска фудбалска лига - исток, беа совладани од тимот на Беласица со минимални 1-0.

Фени триумфално се враќа од Струмица

Фени Индустри влегува во победничка серија, и тоа токму пред оддржувањето на завршницата од националниот куп, кој втора година по ред ќе се игра во Кавадарци.

 

КМФ Црна Река 9 - 1 КМФ Торпедо

На 27.01.2018 година во спортската сала „Јасмин“ се одржа натпревар во футсал помеѓу КМФ Црна Река и КМФ Торпедо.

 

Фени го пречекува „непобедливиот“ Работнички

Со стари проблеми и во новата година, надополнети со заминувањето на Андреј Магдевски, кошаркарите на Фени Индустри го дочекаа продолжението од сезоната, во која освен да се надигруваат и да ја бранат клубската чест, ќе се надеваат дека многу наскоро ќе бидат решени сите отворени прашања и клубот ќе се врати на старите патеки.

Втора победа за Македонија, втората фаза од ЕП

Македонската машка сениорска репрезентација на Македонија успеа во второто полувреме да ги надмине проблемите кои ги имаше во првите 30 минути од натпреварот со Црна Гора и со одлична тимска игра да дојде до вториот триумф во исто толку натпревари на Европското Првенство, осигурувајќи го своето место во втората фаза од Првенството.

Малинков е најдобар тренер, Тијана Митрева најдобра млада кошаркарка за 2017 во Македонија

Предводникот на машкиот кошаркарски клуб Фени Индустри, Љупчо Малинков и шеснаесет годишната Тијана Митрева се најдоа на листата на најуспешни во кошарката за 2017 година.