За ИНФО СЕГА Прилеп
- За Нас
- 16 Mar 2016
Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Прилеп е проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локална Самоуправа Прилеп. ИНФО СЕГА е првиот Младински Информативен центар кој е отворен на 30 мај 2010 година и работи според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.
Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образование, рекреативните и културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н.