Во организација на општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, утре, вторник, 10 октомври, ќе се оддржи јубилејното, петто издание на Саемот за вон училишни активности.

 


„Како и претходното, така и ова издание на Саемот ќе се се оддржи на градскиот плоштад во Кавадарци, и тоа во периодот од 10 до 13 часот“, информира Димитар Каракулев, претседател на Советот за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци. 

 

Се очекува на Саемот своите активности да ги претстават повеќе од 40 спортски колективи, невладини организации, здруженија на граѓани, центри за странски јазици, музички и танцови школи, народна техника, библиотеки, а нивните штандови да ги посетат повеќе од 800 основци и средношколци.

 

Преземено од www.kavadar4e.com

Leave a comment