Во четврток, 28.09.2017 година во 14 часот во салата на општина Кавадарци ќе се одржи седница на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, на која се поканети преставници од сите спортски клубови, музички и други училишта за странски јазици, културно уметнички друштва, народна техника и медиумите.

 


„Единствена точка на редовната седница на Советот за превенција од малолетничко престапништво е организирање на петтиот Саем за вон училишни активности кој ќе се одржи во месец октомври на градскиот плоштад во Кавадарци. Овој саем планирано е организирано со своите наставници да го посетат околу 4.000 ученици од сите училишта кои ќе можат да одберат каде ќе го поминат своето слободно време и да се зачленат во некои од овие клубови и организации“ - изјави Димитар Каракулев, претседател на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци.

 

Во продолжение на својата изјава, Каракулев потенцираше дека целта на Совет за превенција е на индиректен начин да ја спречи или намали малолетничката деликвенција во Кавадарци.

Leave a comment