Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци по неговото конституирање ја одржа својата прва седница во 2017 на која донесе одлука во првата половина од месец октомври да се организира Саем за вон школски активности.


Место на одржување ќе биде градскиот плоштад во Кавадарци. Заедничката средба на овој Совет со преставниците на сите клубови, НВО, здруженија на граѓани и сите оние организации кои сакаат да имаат свои штандови на Саемот ќе биде во четврток на ден 28.09.2017 година во 14 часот во Општина Кавадарци.


Годинашното издание на саемот за вон училишни активности е петто по ред, и е дел од редовните годишни активности на кавадаречкиот совет за превенција од малолетничко престапништво.

 

 

Leave a comment