По музичко-сценскиот спектакл, кабарето „Ден и ноќ“, членовите на балетското студио „Венус“ вечерва, 13 јуни, во големата сала при Домот на културата „Иван Мазов -Климе“ ќе ги оддржат своите два годишни концерти, со кои ќе биде заокружена уште една успешна година.

 


Најнаградуваното македонско Балетско студио “Венус“ на годишните концерти ќе ги претстави најуспешните кореографии на сите групи по возраст. Меѓу кореографиите секако ќе се најдат и петте кореографии кои на неодамна оддржаниот интернационален денс фестивал на балетското студио „Венус“ му донесоа четири први и едно второ место.

Вообичаено, и годинава ќе следуваат два концерти, првиот во 18 и 30 часот и вториот во 20 часот.

1326 comments

Leave a comment