Со заедничка забава со сите дечиња кои беа дел од првата генерација ученици, училиштето за странски јазици „Максима Еду“ на најубав можен начин ја заокружи првата година од своето работење и постоење.

 


Доследни на својата определба да го спојат забавното и корисното, тимот на „Максима Еду“ на своите учениците, но и на нивните родители им приреди прекрасно попладне во кое се дружеа, гледаа филм и забавуваа во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

Забавата исполнета со многу дружење, но и евоцирање на спомени од годината помината во учење и дружење беше надополнета со доделување на вредни награди, меѓу кои три мобилни телефони, таблет, курсеви по англиски јазик и комплет книги. 


И покрај крајот на учебната година, работните активности на „Максима Еду“ продолжуваат со несмален интензитет за сите оние кои имаат потреба од судски, стручни, симултани и консекутивни преводи, како и за издавање на сертификати за познавање на странски јазици. 

1848 comments

Leave a comment