По паузата за велигденските празници, хит претставата „Стјуардеси“ на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, а во режија на Диме Коцевски се враќа, со петтата реприза, односно со вкупно шестото прикажување вклучувајќи ја и премиерата.

 

Целосно распродадените сали гарантираат и позитивните критики кои ги доби претставата од кавадаречката јавност се гаранција дека и во четврток салата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ ќе биде преполна, но и дека повторно ќе има „трка“ за билетите, кои според информациите од Домот на културата ќе се продаваат на билетарата од вторник до четврток во периодот од 12 до 13 и од 18 до 20 часот.

За потсетување, се работи за урнебесна комедија по текст на Марк Камонети, а во режија на Диме Коцевски, кој е и дел од актерската екипа заедно со Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева, Костадин Прокопов, Зорица Стефковска, Ребека Малиминовска и Никола Деков.

Leave a comment