„Универзитетот споделува дел од својата информатичка технологија, со цел подобрување на воспитно образовниот процес. Соработката подразбира и многу позачестени средби од страна на професорите од факултетите при универзитетот со средношколците од оваа гимназија. Целта е и создавање на проектни активности, со кои учениците уште во текот на своето средно образование ќе се определуваат за својата идна професија“ - нагласи тој.
Донирана е современа интерактивна и мултифункционална табла. Неа ќе можат да ја користат и ученици и наставници. Директорката на гимназијата Невенка Поп Ангелова рече дека ова е резултат на континуирано добрата соработка со овој универзитет, која е започната во 2010 година. Изразувајќи благодарност, таа рече дека сево ова значи подобрување и осовременување на наставата во училиштето.