Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип опреми со компјутерска опрема една од осумте доградени училници во гимназијата „Добри Даскалов” од Кавадарци. Професор доктор Кирил Барбареев во изјава за медиумите информираше дека настојуваат на што е можно поинтензивна соработка со средните училишта во државата.

 

„Универзитетот споделува дел од својата информатичка технологија, со цел подобрување на воспитно образовниот процес. Соработката подразбира и многу позачестени средби од страна на професорите од факултетите при универзитетот со средношколците од оваа гимназија. Целта е и создавање на проектни активности, со кои учениците уште во текот на своето средно образование ќе се определуваат за својата идна професија“ - нагласи тој.

Донирана е современа интерактивна и мултифункционална табла. Неа ќе можат да ја користат и ученици и наставници. Директорката на гимназијата Невенка Поп Ангелова рече дека ова е резултат на континуирано добрата соработка со овој универзитет, која е започната во 2010 година. Изразувајќи благодарност, таа рече дека сево ова значи подобрување и осовременување на наставата во училиштето.

 

 

2637 comments

Leave a comment