По долги години, Кавадарци конечно доби свое место на саемот на книгата кој годинава од 4 до 10 април се одржа во Скопје, а со самото тоа и можност за промоција на голем број дела во издаваштво на градската библиотека „Феткин“.

На како што го оценија читателите, најинтересниот саем за книга, на штандот на градската библиотека „Фетки“ може да се најдат делата на кавадаречките писатели и поети кои имаат ретка можност да ги презентираат своите дела пред целокупната македонска јавност.


Годинава честта помеѓу првите да ги претстави своите дела ја имаше Душко Стефанов, писател, поет и градски боем. На промоцијата пред македонската публика во халата 2 на Скопскиот саем, оддржана во четвртокот, 6 април, точно на пладне, беа промовирани двете книги на Стефанов „Песочен часовник“ и „И буден сонувам“.


Посветувајќи му го целиот говор на своето родно Кавадарци, Стефанов меѓу другото рече: „Да, доаѓам од Кавадарци, кој според анатомијата на Македонија се наоѓа во центарот, и е срцето на нашата татковина. Замислете, токму таму се најраспеаните грла, песната е говорот на мојот сосед, лозарите и винарите, чорбаџиите и аргатите, казанџиите и бочварите се браќа и сестри. Таму уметникот шепоти по платното, а поетот гласно ги изговара своите стихови“.

По емотивното обраќање кое го започна и заврши со неколку мисли кои редовно се објавуваат на специјализираниот портал за вино и вино култура, www.vinotika.mk, Стефанов се дружеше со присутните на промоцијата на кои им подари примероци со посвета од своите дела.

 

1385 comments

  • http://2n.sallow.co/k5gi.html http://2n.sallow.co/k5gi.html 14 Dec 2017

    I am 27 years old. I was diagnosed in 2011. I also got pregnent recently and I am 12 weeks.

    Reply
  • tsvx.html tsvx.html 14 Dec 2017

    Great looking internet site. Assume you did a whole lot of your very own html coding

    Reply
  • Jeffreynab Jeffreynab 14 Dec 2017

    cost of cialis 5mg
    cialis soft
    cialis 20 mg usa generic cialis from usa pharmacy
    is there generic for cialis

    Reply

Leave a comment