Образовниот процес е важен за личниот развој и за добивање квалификации, признаени сертификати и дипломи што се потребни за вработување. 

Како е поделено образованието во Македонија? 

Процесот започнува со основно образование, задолжително за деца со 6 години или кои ќе наполнат 6 години до крајот на календарската година кога се запишуваат во училиштето. Задолжително е и средното образование: средно гимназиско (во времетраење од 4 години) и стручно образование (во времетраење од 3 или 4 години).

Насоки на стручно образование: земјоделско - ветеринарна струка, шумарско - дрвопреработувачка струка, геолошко - рударска и металуршка струка, машинска струка, електротехничка струка, хемиско - технолошка струка, текстилно - кожарска струка, графичка струка, градежно - геодетска струка, сообраќајна струка, угостителско - туристичка струка, економско-правна и трговска струка, здравствена струка, спортска гимназија, уметничко образование.

Високото образование е незадолжително и е поделено на додипломски, постипломски (магистерски) и докторски студии.

 

Дали е неопходна диплома од високо образование за да се конкурира за работа? 

По завршувањето на средното образование се полага државна матура и се добива диплома за продолжување на образовниот процес во високо образовни институции.

Матурантот може да избере да полага завршен испит (училишна матура), и да добие сертификатот за влез во пазарот на трудот.

 

На кои универзитети може да се продолжи образованието во Македонија? 

Во Македонија има 5 државни универзитети:

·         Универзитет св.”Кирил и Методиј” www.ukim.edu.mk

·         Универзитет св.”Климент Охридски”www.uklo.edu.mk

·         Универзитет “Гоце Делчев”www.ugd.edu.mk

·         Универзитет за информатички науки и технологии св.”Апостол Павле” www.uist.edu.mk

·         Државен Универзитет Тетово www.unite.edu.mk/mk

и 10 приватни високообразовни установи:

·         Универзитет “ФОН”www.fon.edu.mk

·         Европски Универзитетwww.eurm.edu.mk

·         Универзитет на Југоисточна Европаwww.seeu.edu.mk

·         Универзитет за туризам и менаџментwww.utms.edu.mk

·         Универзитет Американ Колеџwww.uacs.edu.mk

·         Универзитет “МИТ”www.mit.edu.mk

·         Универзитет на аудиовизуелни уметности “ЕСРА”www.esra.com.mk

·         Меѓународен Универзитет Стругаwww.eust.edu.mk

·         Меѓународен Славјански Универзитет www.msu.edu.mk

·         Меѓународен Балкански Универзитет www.ibu.edu.mk 

Крајот на високото образование резултира со полагање на завршен испит и добивање диплома во однос на завршениот степен на образование. 

 

1.1 Универзитети во странство

Како може да се добијат информации за универзитети во странство?

Ранг листи на универзитетите низ светот може да најдете на www.shanghairanking.com. Овој интернет портал нуди информации за универзитетите во светот рангирани од Шангајскиот универзитет.    

Каде може да се информирам за тековни стипендии на универзитети во странство?

Информации за стипендии на универзитети во странство може да се најдат на следните интернет портали:

·         www.infosega.org.mk

·         www.fakulteti.mk

·         www.ams.gov.mk

·         www.mladiinfo.eu

 

Дали може да се добијат информации за студирање во странство на македонските универзитети? 

Македонските универзитети може да понудат информации за универзитетите со кои имаат воспоставено меѓународа соработка. Преку нив студентите може да се информираат и за студенски размени. Информации за тоа со кои универзитети имаат меѓународна соработка може да се најдат и на нивните веб страни.

1641 comments

Leave a comment