Младинските Информативнии Советодавни центри од Прилеп и Кавадарци ИНФО СЕГА, ја креираа оваа брошура за младинско информирање која содржи теми кои ги засегаат најмногу младите, со цел да им се приближи правото да добиваат објективни и квалитетни информации, а воедно и да се информираат за своите основни права како граѓани на Р. Македонија.
Брошурата е дел од Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“, поддржана од 13 младински организации – партнери од повеќе градови низ Македонија.
Оваа брошура е прва од ваков тип изработена од страна на Младинските Информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци.