Програмата ја промовираа и презентираа EVS волонтерите од Франција и Италија, кои волонтираат во ИНФО СЕГА и Младински Совет. Детално ги претставија своите активности во проектите на кои работат, нивната мотивација да се приклучат на ЕВС проект како и постапките и чекорите за волонтирање во Европските држави со целосно покриени трошоци. Оваа програма е отворена и за младите од Македонија кои можат да волонтираат во земјите на ЕУ.
Трибината се одржа на 05 декември (понеделник) 2016 година, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ со почеток од 12.30 часот. На трибината присуствуваа 30 средношколци од средните општински училишта во Прилеп, студенти, претставници на локални невладини организации.