Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

 

Да се биде волонтер не е обврска, тоа е чест.  Да се биде ЕВС волонтер значи и да патуваш, да запознаваш нови луѓе.

Целта на Европски Волонтерски Сервис е да се развие солидарност и да се промовира активно граѓанство и взаемно разбирање помеѓу младите луѓе. ЕВС им овозможува на младите луѓе да вршат волонтерска служба за период од 12 месеци во земја различна од земјата во која престојуваат.

Со Вас ќе споделиме уште една таква ЕВС приказна, која е раскажана од нашиот волонтер Драган Миланов, кој во Ноември месец замина да волонтира на ЕВС проект во Франција.

 

ИНФО СЕГА: Дали може да ни кажиш каде точно ја извршуваш ЕВС програмата?

ДРАГАН:  Во моментов се наоѓам во Кутанс, место во Северна Франција, Нормандија. Тука сум од месец Ноември 2016 година и ќе останам до Ноември 2017 година.

ИНФО СЕГА: Во која организација и на кој проект волонтираш?

ДРАГАН:  Волонтирам во организација AVRIL, а проектот на кој работам се вика Aquascole.

ИНФО СЕГА: Која беше твојата мотивација да се приклучиш на ЕВС проект?

ДРАГАН: За тоа имав две главни причини, да научам нов јазик и да работам нешто што е поврзано со спортот.

 

ИНФО СЕГА: Што конкретно е твојот проект? Кои активности ги спроведуваш и како?

ДРАГАН:  Проектот се вика Аquascole. Тоа е седиштето на организацијата кое е изградено во природа и овозможува да се спроведуваат активности поврзани со природата, како и активности во природа. Моја одговорност е да им помагам на моите колеги кои ги водат активностите, а се викаат аниматори. Тоа вклучува правење слики од активностите, планирање на самите активности и креирање игри преку кои се спроведуваат активностите. Велам игри, затоа што најголем интерес имаат децата, па активностите се приспособени за нив. Исто така патувам во околните градови каде се одржуваат средби со млади луѓе. На овие средби моја задача е да ја споделам својата приказна за ЕВС програмата со младите и да ги поттикнам и тие да пробаат еден ваков начин на градење на својата личност. Им давам објаснување за тоа што и како работам и што значи тоа да се живее и да се работи во друга земја која не е твојата матична.

ИНФО СЕГА: Како се снаоѓаш со Францускиот јазик?

ДРАГАН:  Прв пат се среќавам со Француски јазик, па затоа морам да се посветам на учење на истиот. За таа цел ЕВС програмата ми обезбедува еден час во неделата предавање, кое што значително помага во мојот напредок.

ИНФО СЕГА: Кои се твоите очекувања и планови во крајот на овој ЕВС проект?

ДРАГАН: Моите планови се да го научам на што е можно повисоко ниво Францускиот јазик, да оставам позитивен белег во организацијата во која работам, а очекувањата се да стекнам нови пријателства, нови искуства, да се вратам во мојата земја со збогатени знаења и вештини. 

ИНФО СЕГА: Која е твојата порака до сите млади во врска со ЕВС програмата?

ДРАГАН:  Волонтерството е едно од најефикасните инструменти за неформално учење на младите, можност за запознавање нови култури, стекнување нови вештини, проширување на нивните видици. Да се биде волонтер значи да се научи да си го организираш животот сам, да знаеш да го цениш секој момент и да се разбудиш среќен. Доколку и Вие сакате да направите нешто многу корисно за себе, да шетате и посетувате разни места во Европа, пријавете се на ЕВС програмата и среќно :) 

ИНФО СЕГА: Драган ти благодарам многу за одвоеното време за ова кратко интервју и покрај твоите многубројни обврски :) Ти посакуваме пријатен престој во периодот што ти останува и да ги оствариш сите замислени цели.

ДРАГАН: Ви благодарам и Вас за поддршката, за тоа што ми помогнавте да се пријавам на овој прекрасен проект. Голема благодарност до Младински Информативен и Советодавен Центар !

 

2173 comments

Leave a comment