Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 76050

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Прилеп е         проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локална Самоуправа Прилеп. ИНФО СЕГА е првиот Младински Информативен центар кој е отворен на 30 мај 2010 година и работи според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.

 

Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образование, рекреативните и културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н. 

 

Младинските Информативни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци нудат информации и услуги за млади и младински организации.

Основни програми кои ги спроведуваат се:

Младинско информирање - нудат информации од областа на вработување, волонтерство, стипендии, образование, култура, домување, учество на семинари, обуки, конференции и сл.

Центри за документација и информирање - Младинските информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци располагаат со различни печатени и електронски публикации, прирачници, книги и важни документи од областа на младите. 

Промовирање на европски програми и волонтерство - обезбедуваат информации за Европски програми и проекти, како и за можностите за искористување на овие програми.

Услуги за млади и младински организации - нудат различни услуги за млади и младински организации: туторство, можности за волонтерска пракса за студенти/апсолвенти, професионална ориентација, изнајмување на простор за работилници, прес конференции и сл.

Поддршка на младите луѓе во општините Прилеп и Кавадарци - Давање на директна поддршка на младите луѓе преку спроведување на различни едукации за младите како на пример: Професионална ориентација, Полесно совладување на материјалот, Заштита на лични податоци на интернет, Изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структурана CV, мотивационо писмо и интервју за работа и сл. 
- Менторство на ученици преку помош и поддршка во пишувањето на домашните задачи и совладување на материјалот;
-
Организирање на бесплатни курсеви за изучување на странски јазици;
- Активности за застапување на локалните младински потреби.

Соработка со институции и организации - Младинските информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци соработуваат со различни институции и организации од земјата и странство во интерес на своето работење и на младите. 

Leave a comment