Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Procter & Gamble Rakona, основана во 1991 година, во моментов има околу 500 вработени, вклучувајќи неколку десетици инженери кои работат на менаџерски позиции во фабриката за производство „Ракона“ и во Центарот за технологија.

 

„Ракона“ е една од првите десет P&G компании, со вкупно 140 погони ширум светот. Исто така, е најголемата компанија за детергенти во Европа и постојано расте за да може да ги исполни барањата на потрошувачите во Централна и Западна Европа.

Локација на работно место: фабрика „Ракона“, Чешка, Отова 402 Раковник 26901

Потребни квалификации:

-          диплома во областа на инженерството (машински, електро, индустриски, хемиски инженеринг, или други инженерски степени како аеронаутички, еколошки или градежништво);

-          подготвеност да патувате;

-          вештини за моделирање и симулација;

-          максимум 3 години по дипломирањето.

Ние ви нудиме:

-          значајна работа од почетокот;

-          можност да бидете на производниот кат, да се соочите со разни предизвици;

-          менторство, тренинг, обука и водство;

-          работа со светски познати технологии;

-          можност да влијаете на производството и на квалитетот на нашите водечки производи.

Во рамките на која било фабрика, ќе работите во најмалку една од следниве области:

-          Производство пакување;

-          Производство – изработотка;

-          Квалитет;

-          Здравствена безбедност и животна средина.

Аплицирајте на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 23 октомври 2019 година.

Leave a comment