Коалиција СЕГА објавува повик за учество на Обука за Обучувачи „Прв чекор да станеш младински работник“. На обуката право на учество имаат претставници на младински и граѓански организации, како и претставници на центри за социјална работа.
*Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:
- младински организации и организации кои работат со млади во општина Гази Баба;
- организации кои доаѓаат од редот на Основните членки на Коалиција СЕГА;
- организации членки на Коалиција СЕГА.
Целта на оваа обука е младинските работници да се стекнат со знаења и вештини да спроведуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации кои работат со млади. На обуката ќе се користат различни методи како: игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини и различни техники за практикување стекнатото знаење.
Обуката генерално ќе придонесе кон подобрување на пристапот на граѓанските организации во полето на младинската работа како и зајакнување на капацитетите на самите вработени за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа.
Работен јазик на обуката ќе биде Англиски.
Обуката ќе биде водена и реализирана од сертифициран обучувач од Нормандија - Франција, кој ќе ги пренесе искуствата и знаењата за работа со млади кои се применуваат во Франција.
Oбуката за обучувачи ќе се одржи во периодот од 09 – 12 февруари, 2020 година во Струга. Техничките детали за обуката, околу сместувањето и патните трошоци, ќе бидат споделени дополнително со селектирани учесници.
Заинтересираните организации може да ги пријават своите претставници со пополнување на он-лајн пријава која ќе ја најдете на следниов ЛИНК.
КРАЕН РОК за пријавување е 09 јануари 2020 година до 16.00 часот.
Само селектираните учесници на обуката ќе бидат бидат контактирани најдоцна до 21 јануари 2020 година.
Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
.
Обуката за обучувачи се спроведува со поддршка од Програмата на децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија - Франција и Северна Македонија, Општина Гази Баба и Коалиција СЕГА.