Проектот е дизајниран како процес на неформално учење и врсничка едукација користејќи ги сопствените искуства на учесниците во областа на EСК, младинска работа и меѓународна соработка.

 

За да бидат успешни, учесниците трба да имаат активен придонес во споделувањето знаење и искуство и да бидат подготвени да научат нови вештини од обучувачите и едни од други.

Методите користени за време на обуката ќе вклучуваат:

-          вербални и визуелни презентации, дискусии во мали групи;

-          пленарни дебати, вежби за игра и драма;

-          студиски посети и културни презентации;

Апликантите треба да ги исполнат следниве услови. Тие треба да имаат:

-          најмалку 1 година искуство во областа на ЕСК (ЕВС);

-          можност за користење англиски како работен јазик во текот на целиот проект;

-          подготвеност за исполнување отворена и активна улога во проектот;

-          можност да споделат нови информации, вештини и контакти во рамките на нивната организација;

-          интерес и мотивација да се истражи темата за ЕСК и младинската работа.

Датум: 20 - 26 октомври 2019 година.

Учесници: 1

Години: 18 +

Место: Драч, Албанија

За повеќе информаации и начин на  аплицирање контактирајте на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со наслов: Application - "Stand Together in Solidarity".

 

Leave a comment