Овој отворен повик е наменет за стекнување на младите лидери со неопходно знаење и алатки за да станат идни креатори на промени во локалната заедница во која живеат.

 

Кога24 – 29.03.2020 година

Каде: Малта

На академијата ќе има можност за учење на теми кои вклучуваат социјално вклучување на ранливите групи, проценка на потребите во организација или проект, создавање социјален проект, создавање и одржување на ГО (Организација на граѓанско општество) со своја мисија и демократско управување, застапување и комуникација итн.

Целосно објаснување на критериумите за примена и модулите за учење можете да најдете овде.

Она што е специфично за оваа академија е тоа што бара подолга заложба во текот на целата година. Има три сесии што ќе се одржат во 2020 година, со три различни датуми и на три различни места во Европа:

I сесија: 24-29 март 2020, Малта;

II сесија: 16-21 јуни 2020, Словачка;

III сесија: 3-8 ноември 2020, Белгија.

Учесниците што ќе аплицираат ќе треба да ги поминат сите сесии.

Втората специфична работа е што ќе се побара одредена сума за учество. Во моментов, ние сме во процес на изнаоѓање субвенции за учесниците кои доаѓаат од места со помалку можности, но не е јасно колку ќе ги покрие реалните трошоци.

Сите кои се подготвени да бидат присутни следната година на дадените датуми и можат да платат одредена сума на учество, ве молиме пишете ни на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. за повеќе детали.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 25 ноември 2019 година.

 

Leave a comment