Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Универзитетот ФОН го распишува конкурсот за упис на нови студенти во академската 2019/2020 година.

 

Бројот на слободни места и студиските програми можете да ги погледнете на следниот линк.

Постапка и рокови за пријавување на кандидатите и запишување на студиите:

Втор уписен рок: 

-          за пријавување: од 1 јули 2019 до 6 септември 2019

-          за запишување: од 9 септември 2019 до 13 септември 2019

Трет уписен рок:

-          за пријавување - од 16 септември 2019 до 24 септември 2019;

-          за запишување - од 25 септември 2019 до 30 септември 2019.

При пријавување за упис е потребна следната документација:

-          Свидетелства од сите четири години средно образование;

-          Додаток на свидетелство;

-          Диплома за завршено средно образование со положена државна односно меѓународна матура;

-          Извод од матична книга на родените;

-          Уверение за државјанство;

-          Уплата на првата рата од школарината (600 евра во денарска против вредност);

-          800 денари семестрални трошоци.

НАПОМЕНА: Заради ограничениот број на квоти за студенти, студентите имаат право да се запишат со потпишување на пред-договор за студирање кој стапува во сила по објавувањето на ранг-листите.

Сите документи во оригинална верзија се чуваат во досието на студентот до завршување на студиите. Во приемниот лист кандидатот се изјаснува на кој факултет се запишува и на кој наставен јазик ќе ја следи наставата. На ФОН Универзитетот се организира настава на македонски, англиски и албански јазик. На студии може да се запише и лице кои средно образование стекнало во странска држава, доколку дипломата му ја нострифицира Министерството за образование на Република Македонија. Под истите услови, на студии може да се запише и странски државјанин. Студиите на ФОН Универзитетот се со лично финансирање. Плаќањето на годишната школарина и другите меѓусебни обврски и права на студентот и Универзитетот се уредуваат со Договор за студирање кој се склучува по објавување на конечната ранг листа на примени кандидати.

Изведување на настава

Наставата се организира согласно со Европскиот систем за трансфер на кредити (ЕКТС). ЕКТС претставува систем на академско признавање на студиите кој вклучува:

-          информирање за студиските програми и постигнувањата на студентот;

-          меѓусебната доверба на факултетите во состав на Универзитетот;

-          меѓусебно спогодување на партнерските установи на Универзитетот и другите универзитети во земјата и во странство;

-          употребата на кредити како мерка за оптовареноста на студентот.

Наставата и наставните активности во текот на еден семестар се организирани на следниот начин:

-          6 седмици предавање и учење;

-          1 подготвителна седмица пред полагање на првиот колоквиум;

-          1 седмица за тестирање (колоквиумска седмица);

-          6 седмици предавање и учење;

-          1 подготвителна седмица пред полагање на вториот колоквиум;

-          1 седмица за тестирање (колоквиумска седмица);

-          1 подготвителна седмица пред завршното оценување;

-          2 седмици за завршно оценување и испити.

Во текот на студиите студентите имаат обврска да посетуваат практична настава.

 

Leave a comment