Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола распишува Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј.

 

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2019/2020 година.

Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд;

- најдобар есеј;

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Eсејот се изработува исклучиво на тема: Студенстско ангажирање, развој, поврзување.  

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор.

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, а се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31.10.2019 година.

Оценување:

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии. За повеќе информации за критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачките трудови и есеи контактирајте на 047/223-788 локал 109 или на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

За најдобрите есеи и истражувачки трудови се доделуваaт плакети и парични награди.

 

Leave a comment