Волонтерството е глобален феномен - волонтерите се активни скоро во секое општество во светот. Тие информираат, протестираат, помагаат, подучуваат, лечат, градат, застапуваат, тешат, сведочат, поддржуваат, донираат, лобираат, демонстрираат, водат, хранат, набљудуваат . . . и на многу други начини им служат на останатите луѓе и заедниците. Тие се движечка сила на граѓанското општество.
Волонтерот е физичко лице кое дава услуги, вештини и знаења во интерес на друго лице, организација или заедницата, без директен личен интерес, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка.
Зошто да се биде Волонтер?
Волонтерството е едно од најефикасните инструменти за неформално учење на младите луѓе. Преку волонтерството младите на неформален начин се здобиваат со нови знаења и вештини. Истовремено имаат можност да се соочат со различни меѓу-културни предизвици и да се здобијат со нови лични искуства, проширување на нивните видици, можност да научат повеќе за себе си и пред се да се развијат во здрави личности. Оваа работа има позитивен ефект кај волонтерите, но истовремено волонтерската работа и нивните услуги придонесуваат за развој на општеството, локалната заедница каде се одвива работата и организациите, како и имаат придонес во самите проекти на кои се работи.
Причини зосто да волонтирате: зголемување на јавната свест, учење преку работа/обука, здобивање/стекнување самодоверба, откривање на сопствените таленти, градење/создавање на разум, чувство на независност, зголемување на личните социјални контакти, развивање на вештини, здобивање со работно искуство, зголемување на можностите за професионален развој и поголема конкурентност при наоѓање на работно место.
Да се биде евс волонтер значи да се здобиеш со животно искуство и вештини, значи да живееш сам и да си го организираш животот како што сакаш, да учествуваш на семинари, да си дел од Европски проект, да оствариш контакти кои во иднина ќе ти бидат од голема корист. Да бидеш евс волонтер значи да се разбудиш среќен и да го цениш секој момент, да го гледаш животот од друга перспектива.
Доколку и Вие го посакувате сето ова можете да се пријавите во било кое време на следната пријава: