Речиси и да не постои дете кое не би сакало да се трансформира во мал уметник. Доволно е да им дадете хартија и моливче во рацете и да им го задржите вниманието долго време.

Уште, пак, ако им обезбедите и боички, ви останува само да ја набљудувате нивната креативност и да се забавувате заедно со нив.

Но, постои и начин да ги поврзете учењето и забавата. Многу можат фантастично да се нацртаат со помош на броеви, што е одличен начин вашето дете да научи да црта и да брои. Убаво е децата низ забава и игра да усвојат што е можно повеќе поими и истовремено да ги вежбаат рацете.

Погледнете ги следниве цртежи и обидете се да ги нацртате со вашите најмили. Забавата ви е загарантирана!

 

Содржината е преземена од deca.mk

Leave a comment