*

 

 

Кирил

 

еве ти дел од тоа

читај го

 

.........................................

 

не ми требаш ти

за да се сакам

ми требаш

за да се сакам посилно

посилно е позабавно

а јас сум сеуште

само дете што треба

безопасно да си игра

 

*

 

кога почнувам

да се отворам

тогаш си одат

а до тогаш

со јазици врнат

по моето тело

 

изгледа

не можат да прифатат

дека во мене

како и во сите луѓе

постои нешто

што не е човечко месо

туку уста што го јаде

 

а немам намера

да си ја цапам вистината

таков сум каков сум

и за себе не сум совршен

затоа се оддалечуваме

 

но тоа е добро

и за нив и за мене

 

тие не сакаат да бидат со искрен човек

и одат да бараат принц во нова бајка

 

јас не сакам да сум неискрен со човек

и останувам да бидам

единствениот неизмислиен лик

во бајката што ја пишувам за децата

 

освен за успивање

потребни се бајки и за будење

 

будни деца

планета чуваат

 

*

 

измеѓу нас умни проекции

зашилени граници што одбиваат

секаков обид за спојување

 

прашања што стражарат

ако некој се обиде

да воспостави комуникација

измеѓу двете срца во филмот

 

таа е млада и сака да биде паметна

а јас сум доволно просечен за да знам

дека младоста им поминува

и на паметните и на оние другите

со иста брзина

 

земам домашен босилек

домашен темјан

чиста изворска вода

и масирам стопала

 

решен сум да одам

и да ја допрам

за некој небранет дел

на нејзиното битие

 

морам да се уверам

дека сме оган во живо

во спротивно

светлината се сведува

само на чиста поезија

 

илузија

 

*

 

преку твоето име

трагот ми го пратат

 

мораш да ми дадеш

нешто друго тие да го немаат

за да можам да се скријам

 

во спротивно

ќе бидам трофеј

а не она

што во превод сум

 

заљубен шешир од златна слама

на главата од мојот омилен поет

 

планина

печурки

 

*

 

збородарувањето започна

на краевите од црниот фустан

тука се провлекоа и од тебе излегоа

првите слоеви  на тајните пораки

што ги користам како патоказ до тебе

ќе им требаш на идните генерации

ќе мора некој да ги потсети на убавина

на оган со оган што се гаси

на нов свет со метални улици

направени од стопени пушки и куршуми

 

ако тебе во иднина не те најдат

ќе преживее стравот во забите

и бакнежите штом прецветаат

љубовта во давење ќе се претвори

 

замислувам свет

без повишени тонови

сакам да бидеме пример во космосот

го сакам човештвото

и затоа со тебе ќе го спасам

 

ти си семе

и од тебе изникнува

ретка уметност

 

виолетов дијамант

во космосот

 

ти си љубов

и сите знамиња во иднина

со твојата насмевка ќе бидат обоени

 

слушни го ветрот во нив

 

*

 

пишувај филмови

како поезија да пишуваш

тоа го научив од неа

сликата и стихот

ист извор имаат

 

стави го во филм

моментот кога твојата мисла

се одбива од неа и расцветува

се разлева  преку сите поколенија

низ времето на виножитото

 

собери го цветањето пред камера

и ти веќе си успеал

 

режијата е игра

и тоа држи го во умот

не мисли на фестивали

 

барај нови решенија

необично распоредувај ги

статистите во кадарот

 

зборувај и зад грбот

зад луѓето што се во фокусот

не го оставај празно местото

 

ако сакаш можеш

и лицето на актерите

да не се гледа во сцените

 

играј си со непознатото

 

тоа го научив од неа

 

*

 

ако во космосов

јас и ти се разминиме

тогаш не сме

за во наш круг

 

ако се судриме

ќе докажеме

дека од љубов настанал

и билките ќе запеат

 

нашиот почеток

важен е за идната револуција

ова е време за бајки

што вечно траат на крајот

 

*

Leave a comment