Норвешка е една од најубавите земја во Европа, а Норвежаните се сметаат за најдружељубивите луѓе на планетата. Еве неколку факти за Норвешка и нејзините жители кои можеби не сте ги слушнале до сега...

 

 

Во Хамерфест, најсеверниот град на светот, во текот на двата летни месеци, сонцето сјае и на полноќ. Норвешка затоа е и позната како Земјата на полноќното сонце.

Во оваа земја просечната плата е околу 4.500 евра.

Во 2012 година, Осло бил прогласен за еден од најскапите градови во светот.

На аеродромот Гардермоен, се наоѓа најголемиот „free shop“ во Европа.

99% од норвешката електрична енергија доаѓа од хидроелектрани.

90% од брачните парови во Норвешка имаат сопствена куќа или стан.

Образованието во Норвешка е бесплатно.

Се верува дека во 14-от век, чумата убила половина од жителите на оваа земја.

 Нобеловата награда за мир се доделува секоја година во Осло.

 Норвешка е една од ретките европски земји која не сака да биде член на Европската унија. Биле одржани дури два референдума (1972 и 1994 година) на кои народот јасно се изразил дека не сака да влезе во оваа заедница.

 

Leave a comment