Што правите ако немате работа? Доколку се чувствувате пасивнo, бескориснo, несигурнo или осамено обидете се да станете волонтер. Ова се неколку одлични причини зошто треба да волонтирате.

 

Волонтерството носи нови вештини и ги тестира старите

Нема сомнение дека веќе сте научиле многу, но волонтирањето може да ви донесе ново искуство. Тестирајте ги вашите знаења и вештини, во рамките на вашата професија, или пробајте нешто сосема ново. Можете да научите да работите во програми или да дознаете што е потребно за да организирате настан. Во секој случај, ќе научите многу за правилата на деловниот свет.

 

Волонтерството ја зголемува самодовербата

Дури и ако сте сигурни дека не сакате да ја промените професијата, волонтирањето е одличен начин да излезете од зоната на комфорот. Ова е особено важно за срамежливите или интровертните личности. Кога волонтирате мора да комуницирате и да решавате проблеми. Ќе научите како да остварувате телефонски повици, да организирате настани или да зборувате на странски јазици. Волонтирањето несомнено ќе ви овозможи да го пробиете мразот и да стекнете поголема самодоверба.

 

Со волонтерството добивате чувство на одговорност

Во рамките на овие институции вие сте одговорни исклучиво за вашиот сопствен успех. За време на волонтирањето, како и во вистинската работна средина, станувате дел од одреден тим. Ги добивате своите задачи, а вашата работа има некакво влијание врз целиот проект.

 

Со волонтирање ја проширувате мрежата на контакти

Каде и да одлучите да волонтирате сигурно ќе запознаете нов круг на луѓе, а некој може и да ве препорача на одредено работно место. Во секој случај, проширувањето на мрежата на контактите е секогаш добро.

 

Бесплатни филмови, концерти или театарски претстави

Ако сте дел од филмски или театарски фестивал, во повеќето случаи можете бесплатно да ги гледате изведбите или проекциите, без оглед на цената, и тоа во друштво на оние кои се заинтересирани и за тоа. Покрај тоа, храната и пијалаците се бесплатни. Не заборавајте на мини-обуки, сите други бенефиции и лично задоволство кое волонтирањето го носи со себе. Затоа, немојте да се колебате, истражувајте фестивали, тури, добротворни организации и саеми или можеби нешто сосема друго.

Leave a comment