Елвис Присли за првпат се појавил на телевизија во 1956 година, во шоуто на браќата Дорси, каде што ги испеал песните Blue Suede Shoes и Heartbreak Hotel.

 

Битлси за првпат се нашле на врвот на британската топ листа на 11 октомври 1962 година со песната Love me do.

Иако одамна се разделија, секоја година Битлси продаваат повеќе албуми од Ролинг Стоунс.

Музичката телевизија MTV започнала да се емитува на 1 август 1956 година, точно на пладне. Соодветно на тоа, првиот спот кој се емитувал на MTV бил спотот за песната Video killed the radio star.

Песната Billie Jean на Мајкл Џексон бил првиот спот направен за црн пејач кој се емитувал на MTV.

Научно е докажано дека слушањето музика ја подобрува работата на дигестивниот систем.

Најголемата диско топка има дијаметар од 2,4 метри и тежи 137,89 килограми.

Заедничко за Џими Хендрикс, Џенис Џоплин и Џим Морисон е тоа што сите тројца починале на 27 години.

Првото доделување на Греми наградите било одржано во 1959 година. За песна на годината била прогласена песната Volare на Доменико Модуњо.

Натали Кол, ќерката на Нет Кинг Кол, била првата црна изведувачка која освоила Греми награда во категоријата „Најдобар дебитант“.

Пред да почне да се занимава со музика, Елвис Костело работел како компјутерски оператор во фабрика за козметика.

Зад прекарот на раперот LL Cool J се наоѓа „Ladies Love Cool James“.

Во 1984 година, Арета Френклин била тужена затоа што го прекршила договорот така што не настапила на отворањето на Бродвеј. Причината била стравот од летање.

Гордон Самнер го добил прекарот Стинг (убод од оса) според жолто-црните дресови кои ги носел.

На 4-годишна возраст, Моцарт за половина час учел по една цела партитура.

 

Leave a comment