Ова е прекрасна приказна за пријателство меѓу куче и мала лисица, која мисли дека е куче исто така.

 

Исто како и во бајките, Џунипер и Лос имаат магична врска и ги минуваат сите денови заедно - од јадење доручек се до гушкање навечер. Во симпатични фотографии и двете може да се видат играјќи додека мавтаат со опавчињата.

Според сопственикот, Џунипер лисицата дури делува како "мало девојче", кога таа е околу Лос. Џес и нејзиното момче ја усвоија Џунипер, северноамериканската црвена лисица, кога имаше само пет седмици и се грижат за неа во изминатата година.

Поради тоа што е постојано само со кучиња, Џес тврди дека Џунипер верува дека е куче. Сепак, Лос е свесен дека таа не е куче поради различниот јазик на телото. Нивното пријателство е, секако, невообичаено, бидејќи лисиците и кучињата обично не одат заедно, со огледа на тоа дека на кучињата не им се допаѓа начинот на кој повеќето лисици мирисаат.

Лос, исто така беше спасен од двојката кога беше многу мал.

Џес вели: „Лисиците се поврзуваат само со еден или двајца луѓе. Мојот дечко и јас сме двете личности со кои таа е најблиска. Таа е сосема срамежлива околу другите, дури и од оние кои биле дел од нејзиниот живот додека растела. Лос е постојано околу огромен број на животни. Тој има многу нежно расположение, особено со помалите. Бидејќи Џунипер беше многу мала кога ја донесовме дома, тој веднаш ја презеде улогата на старател. Таа исто така го сакаше од првиот ден.“

 

Извор на вест: whitewolfpack.com

Leave a comment