Според неодамнешните статистички податоци, Лондон е најдобриот град за студентски живот.

 

Престолнината на Велика Британија го симна од првото место Монтреал, кој минатата година беше прогласен за најдобар град за студентите.

Цел на истражувањето беше да обезбеди повеќе статистички податоци и фактори, како егзистенцијалните услови, инфраструктура, и поволностите за студирање.

Дури 50 000 студенти од Лондон учествувале во истражувањето давајќи одговори за нивното искуство во градот, како и нивната желба да останат после студиите.

На второ место е Токио, а на трето Мелбурн. Минатогодишниот победник, Монтреал се најде на четвртото место, а Париз на петтото место.

Leave a comment